Достапни линкови

Доживотен затвор за екс-началникот на турската војска


Турскиот суд го осуди поранешниот началник на Генералштабот на Вооружените сили на Турција, Илкер Башбуг на доживотна затворска казна, под обвинение за учество во заговор за уривање на Владата на Реџеп Тајип Ердоган. Башбуг беше на чело со вооружените сили од 2008 до 2010 година и ги одбива обвиненијата против него. Покрај 21 лице за кои беше донесена ослободителна пресуда, дел од 275 обвинети за планирање пуч добија затворски казни и до 20 години. Меѓу обвинетите има припадници на армијата, академци, новинари и активисти. Обвинетите беа приведени во текот на неодамнешните протести против уништување на паркот Гези во истамбул кои брзо прераснаа во антивладини демонстрации.
XS
SM
MD
LG