Достапни линкови

logo-print

РСЕ - Oдговор на пишувањата за укинување на Балкан Сервис


Не е прв пат во процесот на усвојувањето на буџетот во Конгресот на САД, од каде што РФЕ/РЛ добива финансиската подршка, да се спомнува можноста за престанок на емитување на некоја јазична програма.
Во согласност со финансиската криза и буџетскиот дефицит, во последниве години тој процес е се по комплициран. Буџетот за следната фискална година се наоѓа во Конгресот на САД и минува низ процес на усогласување. Тој е тежок, макотрпен и долго трае. Во овој момент не постои одлука за престанок на работата на било кој јазик на Радио Слободна Европа.
Радио Слободна Европа е свесна дека подрачјето на Балканот, како и некои други подрачја во светот, не се на листата на приоритети на САД, но ,исто така, смета дека нашата мисија на Балканот не е завршена и Радио Слободна Европа сака да продолжи со емитувањето на програмата на јазиците на народите на Балканот и ќе стори се на корисниците на нашите содржини и натаму да им нуди информации за Балканот, регионот и светот на начин како и досега, според принципите на професионалното новинарство.

Ненад Пејиќ
Главен Регионален Директор на Радио Слободна Европа.
XS
SM
MD
LG