Достапни линкови

Железна тупаница против сиријските бунтовници


Сиријскиот претседател Башар ал Асад.

Сиријскиот претседател Башар ал Асад.

Сиријскиот претседател Башар ал Асад изјави дека не постои никаква можност за политички дијалог со опозициските бунтовници. Тој најави пожестоки удари врз нив за ставање крај на граѓанската војна во таа земја која трае повеќе од две години.

На синоќешната ифтар вечера за време на Рамазанските пости во Дамаск се појави и претседателот на Сирија Башар ал Асад. Сиријската телевизија го прикажа како влегува во големата сала во која биле проминентни членови на сиријското општество, вклучувајќи, свештеници, министри, артисти.

Меѓу присутните биле и патријархот од Антиохија Џон Јазиги, големиот муфтија Ахмат Бадр ал Дин ал Хасун и министерот за одбрана Фаед ал Фрејџ.

Во говорот, Асад изјави дека бунтовниците биле терористи и оти не мисли оти тероризмот може да биде решен преку политички средства.

„Тероризмот и политиката се целосно спротивставени. Не може да има политичка акција и погрес на политичкиот пат додека постои тероризам. Тој мора да биде победен за да може политиката да се развива правилно.“

Тероризмот и политиката се целосно спротивставени. Не може да има политичка акција и погрес на политичкиот пат додека постои тероризам. Тој мора да биде победен за да може политиката да се развива правилно.

Башар ал Асад оцени дека Националната коалиција на сиријските револуционерни и опозициски сили не може да одигра никаква улога во решавањето на сегашната криза низ која минува земјата.

Конфликтот во Сирија, според него, може да биде запрен само доколку биде истребен тероризмот.

„Ако успееме во оваа народна војна, а има поширок напредок и во други области, решението ќе биде постигнато за неколку месеци и Сирија ќе биде способна да и стави крај на кризата и да го победи тероризмот.“

Асад, исто така изјави дека Сирија сега треба да реши каква држава сака да биде - „држава во која ќе владее правото или држава каде што правото ќе им припадне на крадци и бандити“.

Инспектори на Обединетите нации соопштија дека силите на сиријскиот претседател Асад вршеле воени злосторства, вклучувајќи убиства, тортура, силувања и грабежи.

Според инспекторите, овие злосторства биле резултат на државната политика. Од друга страна, инспекторите утврдиле дека воени злосторства вклучувајќи и егзекуции, вршеле и сиријските бунтовници.

Во над две годишниот конфликт, според податоците на Светската организација, загинале над 100 илјади луѓе, додека неколку стотици илјади други, главно жени и деца избегале од земјата. Само во Либан имало над 665 илјади сиријски бегалци, а нивниот број постојано растел.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG