Достапни линкови

Протести во Киев на 2-годишнината од затворањето на Тимошенко


Стотици опозициони активисти денеска се собраа пред судот во Киев за да ја одбележат две-годишнината од затворањето на поранешната премиерка Јулија Тимошенко. Слобода за Јулија и Две година од затворањето на демократијата, се некои од паролите кои беа истакнати на протестот, а беа собирани и потписи за петицијата со која се бара Европскиот суд за човекови права во Стразбур да го разгледа случајот Тимошенко. Јулија Тимошенко беше уапсена на 5-ти август 2011-та, а во октомври истата година осудена на 7 години затвор за злоупотреба на службената положба и за даночно затајување.
XS
SM
MD
LG