Достапни линкови

Жерновски: Згрозен сум од вандализмот на власта


Десетина млади скопјани синоќа повторно го поставија шаторот во паркот спроти хотелот „Бристол“ и ветија дека тука ќе останат да го бранат зеленилото, откако претходно по наредба на градските власти, комуналните служби заштитени од полициски специјалци ги исекоа старите дрвја.
На собирот кој почна во 20 часот граѓаните го изразија своето незадоволство од последната акција на властите и застанаа во одбрана на градското зеленило. Градоначалникот на општина Центар порача дека вакво дивеење и демонстрација на сила нема да се дозволи уште еднаш и го повика премиерот Никола Груевски да дојде на вонредната седница на општина Центар и на граѓаните да им објасни зошто го прави сето ова.
-Згрозен сум од вандализмот и варвраство на централната власт, и тоа сторено навечер во ист период кога пред извесно време пред изборите беше донесена од претходното раководство промената на ДУП-от со која беше овозможено да се уништи ова зеленило и да се изградат згради кои не знам за што и служат на оваа власт, изјави Жерновски.
XS
SM
MD
LG