Достапни линкови

logo-print

Деветнаесет амбасади на САД остануваат затворени


Соединетите Држави соопштија дека 19 од своите амбасади и конзулати во Блискиот Исток и Африка ќе останат затворен до 10 август поради загриженост за можни терористички напади. На листата се 15 дипломатски претставништва кои беа затворени во неделата, како и четири дополнителни работни места. Некои американски мисии затворени вчера се отворени денеска како на пример во Багдад, Кабул и Алжир. Во Вашингтон, пратениците инфрормираа за заканата од терористички напади од Ал Каеда во текот на август, соопштувајќи дека преупредувањата на разузнавачките служби се меѓу најсериозните по нападите на 11 септември 2001 година.
САД и Интерпол, исто така алармираат за глобалната безбедност на патниците.
До овие мерки на претпазливост доаѓа откако стотици милитанти на Ал Каеда избегале од затворите во девет земји во текот на изминатиот месец, вклучувајќи ги Ирак, Либија и Пакистан.
XS
SM
MD
LG