Достапни линкови

Со медијација ќе се решава кризата во Египет


Египетската Влада предводена од Армијата најави дека ќе му даде шанса на „посредувањето“ со цел да се реши кризата предизвикана од соборувањето на исламистичкиот претседател Мухамед Морси. Но,привремената влада изјави дека времето е ограничено бидејќи протестите во Каиро продолжуваат.
Во меѓувреме, судот во Каиро соопшти дека лидерот на Муслиманско братство на Морси и двајца други високи претставници ќе се соочат со судење за три недели. Тие се обвинети за поттикнување убиства за време на протестите во деновите пред Морси да биде соборен од страна на војската на 3 јули. Судењето може да ги комплицира напорите на меѓународните претставници и египетските фракции да отпочне политичкиот процес и да се поттикне националното помирување. Државната новинска агенција МЕНА, јавува дека западни и арапски пратеници веќе се сретнале со заменик шефот на Муслиманското братство кој се наоѓа во затвор.
XS
SM
MD
LG