Достапни линкови

Амнести интернешнал побара ослободување на пет затвореници на Куба


Амнести интернешнал посочи пет Кубанци кои биле приведени од страна на владата на островот како "затвореници на совеста" и притоа повика на нивно итно ослободување. Специјалниот советник на Амнести интернешенел, Хавиер Зунига вели дека нивните притворања ја покажуваат репресија на Куба врз слободата на говорот, бидејќи повеќето се активисти за човекови права. Кубанските официјални лица негираат дека има политички затвореници. Владата и нејзините поддржувачи ги нарекоа дисидентите "платеници", кои со странски пари се обидуваат да го поткопат комунистичкиот систем на островот. Во последниве години Куба ги исчисти затворите од долготрајно држење на меѓународно признатите затвореници на совеста. Активистите велат дека наместо тоа, кубанските власти се свртени кон кратки притворања.
XS
SM
MD
LG