Достапни линкови

Изборите во Австралија ќе се одржат во септември


Парламентарните избори во Австралија ќе се одржат на 7 септември, соопшти денеска премиерот Кевин Рад.
-Само што се сретнав со гувернерката на Австралија, Квентин Брајс и побарав од неа да го распушти парламентот и да ги организира изборите на седми септември, изјави Рад.
Тој на крајот на јуни стана премиер на Австралија, заменувајќи ја на таа функција Џулија Џилард. За претседател на Владата беше избран откако на гласањето во неговата партија беше избран за нов шеф на лабуристите.
Рад, како прв човек на оваа партија ќе ги предводи лабуристите и на парламентарните избори. Во пресрет на изборите, основачот на Викиликс и кандидат за австралискиот Сенат, Џулиан Асанж изјави дека е горд на поддршката што ја има во неговата земја.
XS
SM
MD
LG