Достапни линкови

Јанкуловска: Лустрацијата мора да биде спроведена


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска не смета дека лустрацискиот процес, за кој многумина тврдат дека индиректно значи разнебитување на службите за безбедност, го загрозува нивното професионално работење. Во интервју за Прес 24, Јанкуловска тврди дека лустрацијата мора да биде спроведена без разлика на кого се однесува.
- Кој е тој монструозен ум кој може да нареди следење на седиште на опозициска партија. Кој е тој монструозен ум кој може да собира информации и да уништува нечија судбина само затоа што некој бил „македонски националист“, вели Јанкуловска.
Според неа јасните пораки на македонските граѓани за демократија и владеење на правото, тешко допираат во СДСМ.
-За нив ако УБК не смее да отвара предмети против политички неистомисленици и ако не смее да соработува со лица по овој основ, значи дека Управата нема што да работи. На наша среќа и на среќа на сите граѓани не е така, вели Јанкуловска.
XS
SM
MD
LG