Достапни линкови

logo-print

Рохани ќе положи заклетва како нов претседател


Новиот претседател на Иран, Хасан Рохани денеска и официјално ќе положи заклетва на функцијата во Техеран . Настанот се случува ден откако иранскиот врховен лидер Ајатола Али Хаменеи го направи неговото претседателство официјални и го поддржа неговиот избор. Неделната церемонија ќе се одржи пред парламентарците, како и странските дипломати од најмалку 52 земји. Според уставот на Иран, одобрувањето на функцијата од страна на Хаменеи го означува официјалниот почеток на четиригодишниот мандат на Рохани. Во својот говор, Рохани рече дека Иранците треба да станат попродуктивни во земјоделството и индустријата за да ја стимулираат економијата, додека пак владата треба да преземе "нови чекори за да ја издигне позиција на Иран во меѓународната арена врз основа на националните интереси", а со цел укинување на економските санкции.
XS
SM
MD
LG