Достапни линкови

Исечени дрвата пред Бристол во Скопје


Со полициско обезбедување околу 3:30 часот по полноќ, отстранети се граѓаните кои кампуваа во паркчето пред хотелот „Бристол“, за да обезбедат непречено сечење на неколкуте стари стебла и чистење на местото на кое се планира изградба на зграда на Советот за радиодифузија, јавуваат македонските медиуми. При тоа била употребена и сила, а на присутните им биле одземани телефоните и фотоапаратите за да не го снимаат настанот.
На местото пред пред еден и пол месец се одржа и протест на активисти на неколку граѓански здруженија кои се обидоа да го заштитат паркот од сечењето.
XS
SM
MD
LG