Достапни линкови

Исламистите бараат враќање на Морси


Поддржувачите на соборениот претседател на Египет Мухамед Морси денеска соопштија дека ќе продолжат да инсистираат на негово повторно враќање. Нивната изјава покажува дека по вчерашните разговори со американскиот државен потсекретар Вилијам Барнс, исламистите остануваат на своите позиции. Посетата на специјалниот пратеник на САД следеше по патувањата на комесарот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон и германскиот министер за надворешни работи, Гвидо Вестервеле – како дел од меѓународните напори приврзаниците на Морси и привремената влада да постигнат компромис. Но Египетската партија на слободата и правдата, односно политичкиот огранок на Муслиманското братство на Морси утрово соопшти дека тие се посветени на горниот дом на парламентот на Египет и на Уставот кој предвидува враќање на претседателот.
XS
SM
MD
LG