Достапни линкови

logo-print

Врховниот лидер го одобри Рохани за нов претседател на Иран


Врховниот лидер на Иран Ајатола Али Хаменеи го одобри Хасан Рохани за нов претседател на земјата. Во рамките на уставот на Иран, одобрувањето од страна на Хаменеи го означува официјалниот почеток на четиригодишниот мандат на Рохани. Поддршката пристигна за време на церемонијата кога Хаменеи го бакна Рохани на челото. Предвидено е Рохани утре да даде заклетва на функцијата пред иранскиот парламент и странски претставници од 52 земји. 64-годишниот свештеник ќе стане седмиот претседател на Иран. Тој ја освои поддршката од реформистите на јунските претседателски избори во земјата.
Рохани го наследува Махмуд Ахмадинеџад, чиј двократен мандат беше одбележан со спорниот реизбор и казнување на дисидентите.
XS
SM
MD
LG