Достапни линкови

На Ќељменди ќе му се суди на Косово


Косовските власти нема да го испорачаат Насер Ќељменди на Босна и Херцеговина, бидејќи процесот на екстрадиција е завршен и тој би можел да биде обвинет за убиство на еден државјанин на Босна, но не и за организиран криминал и трговија со наркотици, изјави неговиот адвокат Бесник Бериша. За косовскиот весник Газета Експерес, Бериша тврди дека судот ги одбил сомневањата на обвинителството дека контроверзниот Насер Ќељменди е вклучен во организиран криминал и трговија со наркотици. Тој изјави дека засега можната екстрадиција на Ќељменди е затворено поглавје и оти доколку има обвинение, на него ќе му се суди пред косовските судови.
XS
SM
MD
LG