Достапни линкови

Турската полиција изврши претреси и апсења во Анкара и Истанбул


Турската полиција денеска извршила претреси во Истанбул и Анкара во домовите на високи претставници на Работничката партија и на членови на Турската младинска унија, која е младинска асоцијација поврзана со партијата. Претреси се извршени и во домовите на неколку новинари, кои работат во медиуми блиски на Работничката партија, како и во седиштето на Турската младинска унија во истанбулскиот кварт Бејоглу.
При операцијата биле уапсени 20 лица, меѓу кои и претседателот на младинската асоцијација Чагдаш Џенгиз. Денешната акција е спроведена пред закажаниот судски процес в понеделник, на кој ќе биде изречена конечната пресуда против наводните членови на ултранационалистичката организација „Ергенекон’, која е обвинета за организирање преврат против Владата и Партијата на правдата и развојот. Градоначалникот на Истанбул Хусеин Авни Мутлу изјави дека рочиштето в понеделник ќе биде затворено за јавноста.
XS
SM
MD
LG