Достапни линкови

logo-print

Протест на новинарите во Азербејџан


Khadija Ismayilova

Khadija Ismayilova

Полицијата во Азербејџан уапси десетина новинари кои протестираа против кампањата на уцени и заплашувања против истражувачката новинарка на Радио Слободна Европа, Кадија Исмаилова. Новинарите беа ослободени дури откако беа однесени во полициската станица во главниот град Баку. Новинарите, повеќето од нив жени, извикуваа слогани од типот "Кадија, ние сме со тебе!" Инаку извештаите на Исмаилова зборуваат за вмешаност на претседателот Илхам Алијев, кој ќе се кандидира за трет мандат во октомври, во несоодветни финансиските активности во вредност од стотици милиони долари. Исмаилова која известува за азербејџанскиот сервис на Радио Слободна Европа се соочи со објава на нејзини приватни видео снимки на интернет. Радио Слободна Европа ги повика Азербејџанските власти да ги истражат новите видео снимки што содржат интимни и незаконски добиени слики на новинарката.
XS
SM
MD
LG