Достапни линкови

По една година затвор, ослободен студентот од Саудиска Арабија


Речиси по една година казна, студент од Саудиска Арабија е ослободен од затворот во Соединетите Држави, откако обвиненијата за убиство против него беа отфрлени. Зијад Абид накратко беше однесен во притвор од страна на имиграционата полиција, а потоа бил ослободен откако обвинителите ги отфрлија сите обвиненија против него. 24-годишниот Абид беше во затвор од септември, кога детективите изјавија дека неговиот цимер го признал убиството на локален сопственик на бар, но тврдел дека Абид му платил да го направи тоа. Случајот на Абид доби меѓународно внимание откако саудиската влада испрати два милиони долари во обврзници во април, но поради ризик од бегство судијата одби да го ослободи. Обвиненијата за убиство беа отфрлени откако обвинетиот за убиството одби да одговори на прашањата на обвинителите, оставајќи простор за недоволно докази против Абид.
XS
SM
MD
LG