Достапни линкови

Египетската влада побара прекин на протестите


Египетската влада повторно ги повика поддржувачите на соборениот претседател Мохамед Морси да ги прекинат протестите, ветувајќи им мирен прекин на протестите и учество во политичкиот процес. Во соопштение прочитано на државната телевизија, министерството за внатрешни работи ги повика демонстрантите кои веќе два месеца протестираат на два плоштада во Каиро мирно да се вратат кон своите домови и на своите работни места.
“Мирното и потполно безбедно повлекување на Муслиманското братство ќе му овозможи повторно вклучување во демократскиот политички процес”, се вели во соопштението.
Полицијата го собори и уапси првиот демократски избран претседател Мохамед Морси на 3 јули, по масовните демонстрации против неговото Муслиманско братство. Противниците на тоа исламистичко движење го обвинуваат дека ја присвоил сета власт и го уништил и онака кревкото египетско стопанство.
XS
SM
MD
LG