Достапни линкови

Најмалку 13 повредени при судир на воз и автобус во Хрватска


Најмалку 13 лица се повредени денеска кога воз удрил во автобус што преминувал преку железничка пруга кај местото Сивериќ, во близина на хрватскиот приморски град Шибеник. Како што соопштува портпаролот на Полициската управа на Шибенско-книнската Жупанија, Марица Косор, двајца од повредените се во животна опасност. Сите повредени, кои биле патници во автобусот, се хоспитализирани во Општата болница во Шибеник. Полициската истрага за несреќата се уште трае, но според првичниве сознанија, најверојатна причина за судирот е неисправноста на рампите на пругата, кои не се спуштиле со надоаѓањето на возот.
XS
SM
MD
LG