Достапни линкови

САД ги олеснуваат визните процедури за истополовите бракови


Државниот секретар на Соединетите Држави Џон Кери изјави дека легално склучените истополови бракови кои сакаат да останат во САД ќе бидат третирани исто како браковите помеѓу брачните другари со различни полови. Кери рече дека каков било законски брак влегува во сила веднаш и ќе биде валиден според американските имиграциски закони. Најавата на Кери уследи по одлуката на американскиот Врховен суд во јуни да го поништи законот од 1996 закон со кој се забрануваат федералните бенефиции за двојките од ист пол. Тој закон, познат како "одбрана на бракот како институција" кој го дефинира бракот само помеѓу еден маж и една жена. Кери изјави дека Американскиот Стејт департмент сега урива една неправедна и нефер бариера која предолго не им дозволуваше на истополовите бракови да патуваат како семејства во Соединетите Држави.
XS
SM
MD
LG