Достапни линкови

Шест мртви во експлозија во Авганистан


Најмалку шест лица загинаа во експлозијата што ја предизвика автомобил бомба во близина на индискиот конзулат во источниот авганистански град Џалалабад. Локалните здравствени официјални власти соопштија дека главната болница во градот примила 22 повредени по саботниот напад. Портпаролот на владата на источната провинција Нангархар изјави дека автомобилот што содржал експлозив удрил во близина на индискиот конзулат и го активирал. Министерството за надворешни работи на Индија информираше дека сите дипломати во конзулатот се безбедни. Талибанските бунтовници негираат каква било вмешаност во нападот. Џалалабад, главниот град на Нангархар провинцијата се наоѓа на клучна рута меѓу границата со пакистанскиот регион и авганистанскиот главен град Кабул. Авганистански официјални лица тврдат дека нападите во регионот се вршат од страна на бунтовниците кои се кријат во Пакистан.
XS
SM
MD
LG