Достапни линкови

Потона брод со 32 индонезиски работници


Малезиските власти се во потрага по најмалку 32 индонезиски работници, чиј брод потона додека ги транспортираше до нивните домови на крајот од муслиманскиот пост. Крајбрежната стража, полицијата и рибарите спасиле осум преживеани во саботата утрото, откако бродот се превртел поради силните бранови околу полноќ. Работниците беа на пат до индонезискиот остров Батам каде следната недела треба да се одржат прославите по повод одбележувањето на крајот на Рамазан.
XS
SM
MD
LG