Достапни линкови

logo-print

Новата законска регулатива ќе ги намали казните за радиодифузерите


Одлука за тоа колку ќе бидат намалени глобите за прекршителите на Законот за медиуми и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе се донесе по одржување на јавната расправа за двата закона предвидена за 13 август годинава, соопшти денеска Министерството за информатичко општество и администрација. Казнените одредби се дефинирани во новата законска регулатива за медиумите и аудиовизуелните медиумски услуги. Одлуката за намалување на глобата за радиодифузерите за сторен прекршок во нивното работење ресорното министерство ја донесе по одржаните јавни расправи за двата предлог закони и по разгледувањето на забелешките и сугестиите предложени од страна на учесниците во расправите.
XS
SM
MD
LG