Достапни линкови

Викендов затворени амбасадите на Германија и Велика Британија во Јемен


Саид ал-Шехри, заменик шеф на Ал Каеда во Јемен

Саид ал-Шехри, заменик шеф на Ал Каеда во Јемен

Германија и Велика Британија соопштија дека привремено ќе ги затворат нивните дипломатски претставништва во Јемен. Истовремено Лондон ги предупреди британските граѓани да ја напуштат земјата поради стравувањата за можни терористички напади од Ал Каеда. До ова доаѓа откако Соединетите Држави одлучија да затворат најмалку 21 дипломатски претставништва во 17 муслимански земји во неделата, а можеби и во наредните денови. Вашингтон алармираше за можни напади на Ал Каеда во текот на август, како и потенцијални терористички напади врз јавните транспортни системи и туристичката инфраструктура. Американските законодавци соопштија дека опасноста најверојатно доаѓа од мрежите на Ал Каеда во Јемен. Американскиот Стејт департмент предупреди дека се можни напади на Блискиот Исток и Северна Африка, а кои веројатно се случуваат или потекнуваат од Арапскиот Полуостров.
XS
SM
MD
LG