Достапни линкови

Иран се подготвува за инаугурацијата на Рохани


Со серија настани кои ќе се случуваат во Техеран во текот на викендов, Иран го инаугурира новоизбраниот претседател Хасан Рохани. Рохани денеска ќе се сретне со иранскиот врховен лидер Ајатола Али Каменеи со цел да ја добие неговата официјална поддршка. Според уставот на Иран, четиригодишниот мандат на Рохани започнува откако ќе го добие официјалното одобрување. Се очекува Каменеи да одржи и краток говор. Се уште не е јасно дали Рохани или претседателот во заминување Махмуд Ахмадинеџад ќе зборуваат на саботната манифестација. Предвидено е Рохани утре да даде заклетва на функцијата пред иранскиот парламент и странски претставници од 52 земји.
XS
SM
MD
LG