Достапни линкови

logo-print

Вашингтон разочаран од Москва за Сноуден


Официјален Вашингтон соопшти дека е исклучително разочаран од одлуката на руските власти да му одобрат азил на поранешниот службеник на американската Агенција за национална безбедност Едвард Сноуден. Вчера тој доби едногодишен азил во Русија и го напушти московскиот аеродром Шереметјево каде што престојуваше пет недели.

Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни изјави дека Едврад Сноуден не е дисидент и оти ваквата одлука на Москва нема позитивно да влијае врз американско-руските односи.

„Претседателот Обама изрази желба случајот Снуден да не биде причина која ќе му наштети на нашето партнерство со Русија. Тоа истото го изјави и претседателот Путин и се согласуваме со него. Затоа ние сме разочарани, крајно разочарани, со оваа одлука на руските власти“, Изјави Карни кој во врска со планираниот есенски самит на двајцата претседатели Барак Обама и Владимир Путин, додаде:
Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни

Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни


„Секако ние ја оценуваме и полезноста на самитот во Москва, билатералниот самит, и ние за тоа разговараме со руските официјални претставници“, рече Карни.
Секако ние ја оценуваме и полезноста на самитот во Москва, билатералниот самит, и ние за тоа разговараме со руските официјални претставници.

Портпаролот на Стејт департментот Мери Харф го повтори американското несогласување со оваа одлука, додавајќи дека официјален Вашингтон не бил претходно информиран оти на Сноуден ќе му биде гарантиран азил во Русија.

„Двете страни беа јасни дека ова е пример на нешто што сакаме да го третираме одвоено и дека нема да има последици врз целокупните наши односи“, изјави Харф, наведувајќи дека има голем број прашања на кои Вашингтон и Москва работат заедно, например во врска со Авганистан, санкциите против Иран и нуклеарното разоружување.

Адвокатот на Сноуден вчера потврди дека неговиот клиент го напуштил транзитниот простор на аеродромот во Москва и оти официјално влегол на руска територија, откако добил едногодишен азил.

Сноуден им се заблагодари на руските власти и ја критикуваше американската влада за непочитување на законите.

Тој е обвинет во Соединетите Држави за предавство затоа што оддал податоци во врска со тајните програми за следење и прислушување.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG