Достапни линкови

logo-print

САД разочарани од рускиот азил за Сноуден


Белата куќа соопшти дека е исклучително разочарана од одлуката на руските власти да му одобрат азил на поранешниот службеник на американската Агенција за Национална безбедност Едвард Сноуден. Вчера тој доби едногодишен азил во Русија и го напушти московскиот аеродром Шереметјево каде што престојуваше пет недели. Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни изјави дека Едврад Сноуден не е дисидент и оти ваквата одлука на Москва нема позитивно да влијае врз американско руските односи.
XS
SM
MD
LG