Достапни линкови

Дијаспорска колумна за Шутка


Тефик Махмут, граѓански активист, борец за правата на Ромите во Македонија.
Тефик Махмут, граѓански активист, борец за правата на Ромите во Македонија.

Што е со моментот што нè затвараат како кучиња во кафез со катанец наречен-граница, мерки за барателите на азил и што ги враќаат луѓето како да се најголеми криминалци?, пишува Тефик Махмут, граѓански активист и борец за правата на Ромите во Македонија во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Шутка - необично маало кое те учи на многу работи. Место во кое пораснав и научив животна школа. Онаа т.н улична школа, школа која што преставува предуслов за преживување во овој наш суров свет. Во ова наше дереџе во кое одвај некако се преживува.
Бегаат луѓето! Со душа чекаат некој да се мажи, жени, студира или работи во странство. Само дим да ги нема од таму...што, било кој во нивната ситуација најверојатно би го направил истото. Немање на алтернативен избор. За жал се разбира.

Шутка секаде, но и никаде! Тапка во место уште откако знаеме за неа. Улици со 3Д дупки на нив како и жедни луѓе за подобар живот. Живот за нив и нивните најблиски. Впрочем, можеби и затоа луѓето си бараат азил, никој од што му е розово не би си го напуштил семејството, роднините, пријателите и соседите, барем јас не сум чул за некој таков.

Ромското население полека но сигурно се прелева во езерото наречено ЕУ! Подобар живот. Поплатена работа. Подобра иднина.

Но, што е со иднината на единствената ромска населба? Единственото нешто што го имаат Ромите во Македонија, што, како што оди работава, нема ни тоа да им остане.

Имаме ромска популација околу 70 отсто, наспроти 30 отсто со другите етникуми, но со процесот на легализација, бегањето во странство како и со текот на времето нивниот број драстично се зголемува(барем во последните неколку години).

Нашите заминуваат, се празнат, да речеме „нивните“ се зголемуваат, доаѓаат. Зарем не треба да ни преставува некаков индикатор ваквата тенденција? Дали ромската населба за неколку години ќе го нема истиот епитет? Дали она „ромското“, повеќе нема да биде ромско?

Не дека е критичен моментот со зголемувањето на популацијата од другите националности, апсолутно НЕ! Сите ние сме браќа и сестри, божји деца, дали ќе се викам Станко(Македонец), Суљо(Албанец) или Џемшит(Ром) не игра некоја клучна улога. Моментот е нешто друго.

Бегаат луѓето! Со душа чекаат некој да се мажи, жени, студира или работи во странство. Само дим да ги нема од таму. Кој било во нивната ситуација најверојатно би го направил истото. Немање на алтернативен избор. За жал, се разбира.
Се поставува прашањето: Што ли прават нашите политичари? Заслепени од удобноста на нивната фотелја, врзани за бенефициите што ги иницира истата, ги нема никаде! Не станува збор за два месеци, две недели, или две години...станува збор за околу цели 20 години. Залудно потрошено време...но не и залудно наполнети џебови...Но, не и залудно изградени куќи, да не речам згради, џипови, коли и така му натаму.

Се поставува прашањето: Што ли прават нашите политичари? Заслепени од удобноста на нивната фотелја, врзани за бенефициите што ги иницира истата, ги нема никаде! Не станува збор за два месеци, две недели, или две години, станува збор за цели 20 години. Залудно потрошено време, но не и залудно наполнети џебови. Но, не и залудно изградени куќи, да не речам згради, џипови, коли и така му натаму.

Овој малиот има страшна стратегија. Наполеон втори дел. Ги остава „нашите“ да си ги извадат очите, за на крај „победникот“, или тој што мисли дека е победник си го зема до него. Коалициони жални партнери. А уште пожални граѓани, намачкани очи со ситни работи од типот на фамозни „цревни“ фонтани и парк после 20 години, што не велам дека е нешто што не треба да го имаме, НО дефинитивно на ред се чекаат милион други поважни приоритети за таа населба.

Што е со многуте што во 21 век уште немаат вода за пиење во нивните дворови и домови? Немањето електрична енергија? 3Д ДУПКИТЕ? Училиштето што се чека со векови? Уште?!

Што е со гинекологијата во која треба да одат нашите мајки, тетки, жени и идни ќерки? Што е со промовирањето и сликањето пред камерите и ветувањето дека ќе биде готова? Што е со правичното застапување, ВРАБОТУВАЊЕ? Или со кутрите комуналци кои се залажуваат со договор на дело и да не речам манипулирани примања?

Или, уште подобро - Што е со моментот што нè затвараат како кучиња во кафез со катанец наречен-граница, мерки за барателите на азил, и што ги враќаат луѓето како да се најголеми криминалци? Па дури и тие исончаните сега за летниот период, каааде бе?! Кааде сте? Кога планирате да се појавите?
Не да бидеме весела долина, туку да бидеме кохезивна/сложна долина... Не да бидеме центарска населба, да бидеме достојна населба. Да не бидеме кока коли, да бидеме ред-булови, малку попочитувани, не евтини.

На следните избори? Пред избори? На следни митинзи?

Не да бидеме весела долина, туку да бидеме кохезивна/сложна долина. Не да бидеме центарска населба, да бидеме достојна населба. Да не бидеме кока коли, да бидеме ред-булови, малку попочитувани, не евтини.

Не би ја завршил колумната со посакување на среќен наш празник - Рамазан Бајрам, со искрена желба дека работите ќе почнат да се помрднуваат малку, со желба дека религијата можеби и интелектот некогаш и некаде(како од песната на Владо) ќе се сретнат и ќе бидат промената што сакале нашите татковци па и ние помладите да ја видиме во нашата околина.

Не сум скептичен. Ќе дојде, ќе ја видиме. Малку ќе задоцни поради завесата пред очите, но ќе биде и тоа. Паднал Гадафи, паднал Хитлер, ќе им дојде крајот и на креаторите на ваквата ситуација.
XS
SM
MD
LG