Достапни линкови

Учеството на децата е право, а не благослов од возрасните


Зоран Илиоски, коалиција на невладини организации „Сега“.
Зоран Илиоски, коалиција на невладини организации „Сега“.

Сега е прашањето што понатаму, како да се убедат возрасните, особено донесувачите на одлуки, дека важен дел од донесувањето на одлуки е консултацијата и учеството на оние за кои се однесуваат тие одлуки!, пишува Зоран Илиоски од коалицијата на невладини организации „Сега“ во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Големи се напорите кои невладините организации ги прават за да ја отворат врата за децата и младите и тие да учествуваат заедно со возрасните во дискусиите кога се носат одлуките кои се битни за нив.
Сега е прашањето што понатаму, како да се убедат возрасните, особено донесувачите на одлуки, дека важен дел од донесувањето на одлуки е консултацијата и учеството на оние за кои се однесуваат тие одлуки!

Живеевме во еден систем во кој што беа изградени различни форми и модели за дискусија помеѓу децата/младите и возрасните, но со распадот на тој систем како да се искористи можноста за да се затворат вратите на возрасните и тие самите да ги носат одлуките кои се однесуваат на животот на децата и младите. Дали ова највеќе им одговараше на возрасните или, пак, немаше доволно силна младина за да им каже НЕ на возрасните, но тоа се случи. Сега е прашањето што понатаму, како да се убедат возрасните, особено донесувачите на одлуки, дека важен дел од донесувањето на одлуки е консултацијата и учеството на оние за кои се однесуваат тие одлуки!

Ако започнеме од најниското ниво на консултација и учество на децата во училиштата, досегашната пракса покажала дека нивното учество е сведено на разговори со возрасните за прашања кои не се воопшто важни за нив. Тоа се прашања за кои се однесуваат на тоа каде да одат на екскурзија, која ученичка униформа да се одбере и слично. Ова ни оддалеку не ги задоволува основните критериуми за учество, зошто вистинското учество и консултација со учениците се случува на Наставничкиот совет, Училишниот одбор и Советот на родители.

Во ниедна од овие форми децата не се вклучени, нити, пак, на возрасните им е јасно зошто е потребно да обезбедат столче за децата, за да имаат можност и тие да го кажат своето мислење за прашањата и проблемите кои битно се однесуваат на нивниот живот. Ситуацијата е ваква од причина што можеби возрасните не сакаат да зборуваат или се плашат да зборуваат пред децата со јазикот кој е соодветен зад затворени врати, или пак „не сакаат децата да се мешаат во манџата која тие им ја подготвуваат, а е наменета токму за нив“.

Ваквата состојба кај нас е во спротивност со препораките на Комитетот на Обединетите нации одговорен за детски права, кој во 2010 година дискутираше со нашите власти за состојбите во Македонија и даде јасни препораки што треба да се направи за да се унапреди состојбата со детското учество. Но и покрај овие силни препораки, после 3 години нема битни подобрувања.

Потребно е системско решение за да се даде легитимитет на децата, таквото решение единствено е можно да се постигне со промени во Законот за основно и Законот за средно образование, каде со признавање на Ученичките организации (како форма на организирање на децата во училиштето) ќе им се даде легитимитет за дијалог со возрасните во сите форми на управување и донесување на одлуки во училиштето.
Потребно е системско решение за да се даде легитимитет на децата, таквото решение единствено е можно да се постигне со промени во Законот за основно и Законот за средно образование, каде со признавање на Ученичките организации (како форма на организирање на децата во училиштето) ќе им се даде легитимитет за дијалог со возрасните во сите форми на управување и донесување на одлуки во училиштето.

Ако одиме чекор понатаму, во донесувањето на одлуки во локалните самоуправи, ќе наидеме на фактот дека нема напредок со учеството на младите во општините. Многу мал е бројот на општини кои биле свесни за потребата од консултација и вклучување на децата и младите во нивните општини. Од 84 општини во Македонија, само општините Кавадарци, Неготино, Радовиш, Ресен, Радовиш, Струмица, Свети Николе, Теарце и Штип го промениле општинскиот статут и преку структурата „Совет на млади“ обезбедиле посебно столче за младите да учествуваат во работата на општинските совети и да бидат консултирани за прашањата кои се важни за нивните животи.

Ова се првите општини во Македонија кои самоиницијативно со многу храброст ги следат препораките на Европската повелба за учество на младите во локалниот и регионалниот живот, усвоена од Советот на Европа, а ратификувана од Република Македонија.

Во Хрватска, пак, од неодамна членка на ЕУ, повеќе од 6 години се применува Законот за совети на млади, кој ги задолжува локалните власти да формираат претставнички тела на младите за и тие да бидат во можност да учествуваат во работата на општинските совети. Сличен ваков закон битно би ја подобрил состојбата и кај нас, со кој би се загарантирало учеството на децата и младите во сите општинските совети, токму онаму каде се носат главните одлуки кои се однесуваат на секојдневното живеење на младите на локално ниво.

Учеството е еден од главните предизвици, не само за македонските млади, туку и за европските. Но, таму, политичарите се повеќе свесни па креирале различни можности и форми за структурен дијалог и консултација со младите. Тоа се добри примери кои можеме да ги адаптираме и примениме во нашите услови, но најважна е политичката поддршка од возрасните, од оние кои ги носат главните одлуки.

Сепак, останува главното „но, ако“, нашите политичари станат свесни за користа од учеството на младите, тогаш можеби и нашите млади ќе бидат дел од европските млади кои играат главна улога во креирањето на политиките и донесувањето на одлуките, посебно во делот кога тоа се одлуки кои би го промениле животот на младите.
XS
SM
MD
LG