Достапни линкови

Градоначалникот на Тирана против новиот албански премиер


Љуљзим Баша и Еди Рама

Љуљзим Баша и Еди Рама

Новиот лидер на албанската Демократска партија и градоначалник на Тирана, Љуљзим Баша, упати тешки обвинувања на адреса на новиот владин кабинет, чиј состав вчера го соопшти премиерот Еди Рама. На средба со новинарите, Баша ја оцени новата влада како експериментална екипа, која не е во служба на граѓаните, туку само исполнување на желбата на Рама да стане премиер. Според Баша, последиците од оваа влада на „камикази и шверцери“ ќе го осиромашат џебот на сите албански граѓани.
XS
SM
MD
LG