Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ бара уставни измени, СДСМ повикува на дискусии


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска покрена иницијатива за уставно дефинирање на бракот како заедница исклучиво помеѓу еден маж и една жена. Како што информираше пратеникот Влатко Ѓорчев, истовремено во иницијативата се предвидува децата без родители да можат да ги посвојуваат исклучиво брачни заедници во кои има маж и жена. СДСМ во реакцијата на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека прашањето што го отвора власта за менување на Уставот и дефинирање на бракот, бара поширока и подолга јавна и стручна дебата. Опозициската партија бара за предлогот да се изјасни граѓанскиот сектор и академската заедница, пред да се пристапи кон планираните измени од страна на власта.
XS
SM
MD
LG