Достапни линкови

Венизелос отвора втора владина канцеларија во Атина


Одлуката на лидерот на ПАСОК, Евангелос Венизелос да си додели втора владина канцеларија веројатно ќе предизвика незадоволство, особено откако Владата изгласа нови мерки на штедење и намалување на вработени во јавниот сектор, пишува „Елефтеротипија“. Како еден од најистакнатите министри на земјата, тој веќе ја има една од најдобрите владини канцеларии во Атина, во Министерството за надворешни работи кое е само на неколку чекори од Парламентот, пишува весникот и забележува: „Но лидерот на ПАСОК сега ќе добие и втора владина канцеларија и персонал од дваесет луѓе, за да може да ја извршува својата функција и како заменик-премиер“. Одлуката е објавена и во Службениот весник на Грција, а потпишана е од Венизелос и заменик-министерот за финансии Христос Стаикурас.
XS
SM
MD
LG