Достапни линкови

Раст на цените и трошоците за живот


Трошоците за живот во јули годинава пораснале за 4 проценти во споредба со истиопт месец лани, објави Државниот завод за статистика. Согласно податоците, цените на мало исто така бележат пораст од 2,5 отсто во споредба со јули 2012 година. Порастот во малопродажбата е забележан кај алкохолните пијалоци за 7,7 отсто, свежото и киселото млеко за 1,8 отсто, јајцата за 0,8 отсто и преработките од риба за 0,4 отсто. Поскапо се живее поради повисоките цени за горива, каде има пораст од 2,1 отсто, потоа пијалаците во рестораните и хотелите за 0,7 отсто и садовите и приборот за домаќинствата за 0,2 отсто.
XS
SM
MD
LG