Достапни линкови

САД: тајните програми за надѕор не се противуставни


Претставници на американските разузнавачки служби на сослушувањето во Сенатот оценија дека владините програми за шпионирање во земјата се многу селективни. Затоа, според нив, тие не го нарушуваат уставното право на приватност.

Сослушувањето во врска со американските програми за следење телефонски разговори и собирање други податоци од американските граѓани се одржа во сенатскиот комитет за правда.

„Под судска контрола собирањето ваков вид податоци од телефонските компании не е прекршување на уставните права на ниту еден граѓанин.“

Изјави Роберт Лит, генерален советник во Одделот на директорот за национално разузнавање. Сепак, неговите колеги признаа дека овие програми би можело да бидат модифицирани со цел да се намали загриженоста на јавноста.


„Мислам дека ние губиме рамнотежа меѓу приватноста и националната безбедност, но секогаш има простор за дискусија. Времињата понекогаш се менуваат и добро е да се навраќаме, да ги ревидираме овие работи и да се осигураме дека го имаме вистинскиот баланс.“

Изјави заменик јавниот обвинител во американското Министерство за правда Џејмс Кол.

Мислам дека ние губиме рамнотежа меѓу приватноста и националната безбедност, но секогаш има простор за дискусија. Времињата понекогаш се менуваат и добро е да се навраќаме, да ги ревидираме овие работи и да се осигураме дека го имаме вистинскиот баланс.

И републиканците и демократите ја критикуваа администрацијата на претседателот Барак Обама за донесување строго тајни програми за надзор кои вклучуваат собирање мејлови и телефонски разговори од милиони американци.

Владата објасни дека тоа било неопходно за да се спречат потенцијални терорстички заговори.

Под притисок на јавноста за поголема транспарентност, Белата куќа вчера откри детали од програмата на Националната агенција за безбедност за собирање телефонски податоци.

Во документот се наведува дека тоа се прави само ако постои, како што се прецизира, „разумно сомневање“ дека телефонскиот број има некава врска со осомничени за тероризам.

Некои сенатори, како Ал Френкен, демократ од Минесота, изразија скептицизам од потребата за толкава тајност на програмите.


Роберт Лит
Роберт Лит

„Мислам дека овие програми ја штитат нашата земја и спасуваат животи. Но, исто така мислам дека клучен проблем во оваа дебата е недостигот на нивна транспарентност. Кога се во овие програми е тајно, американската јавност нема начини да дознае дали тие се балансирани. Мислам дека тоа е лошо и за приватноста и за демократијата.“

Верувам, врз основа на она што го имам видено, а јас редовно читам разузнавачки извештаи, дека оваа нација ќе се најде во опасност доколку бидат елиминирани овие програми.

Од друга страна, Дајана Фајнштајн, демократ од Калифорнија, инаку претседател на сенатскиот Комитет за разузнавање изјави дека е задоволна од опсегот на уставноста на програмите за надѕор.

„Верувам, врз основа на она што го имам видено, а јас редовно читам разузнавачки извештаи, дека оваа нација ќе се најде во опасност доколку бидат елиминирани овие програми.“

Во новооткриените документи се обелоденува дека владата врши брзи испитувања на телефонските записи, што значи дека може да анализира телефонски повици на милиони американци во гонењето на само еден осомничен терорист.

Во најновото истражување на јавното мислење скоро 70 насто американци веруваат дека владата ги користи овие податоци и за други цели освен за терористички истраги.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG