Достапни линкови

НСА имала пристап до огромна алатка за онлајн следење


Документите обезбедени од соработникот на американските разузнавачки служби Едвард Сноуден откриваат дека американската Национална агенција за безбедност имала пристап до огромна алатка за онлајн следење. Весникот „Гардијан“ објави дека станува збор за програмата XKeyscore која им овозможува на аналитичарите да пребаруваат без претходно овластување големи бази на податоци кои содржат мејлови и онлајн разговори на милиони поединци. Сноуден има аплицирано за привремена азил во Русија и веќе пет недели живее на аеродромот во Москва.
XS
SM
MD
LG