Достапни линкови

Запрен шверц на оружје од Грција во Турција


Грчката полиција соопшти дека поднела пријави за тероризам против тројца грци и тројца турци уапсени шверц на оружје и експлозив со глисер за Турција. Четворица од шесттемина обвинети биле уапсени во вторникот во близина на островот Хиос на Егејско море. Министерот за внатрешни работи на Турција Муамер Ѓилер изјави дека еден од тројцата уапсени бил Хасан Бибер, обвинет за вмешаност во два напада во Анкара во март годинава. Бибер е член на забранетата левичарска Револуционерна народноослободителна партија која е на листите на терористички организации и во Соединетите држави и во Европската унија.
XS
SM
MD
LG