Достапни линкови

logo-print

Американскиот конгрес одобри нови санкции за Иран


Американскиот конгрес одобри закон за нови санкции врз Иран, само неколку дена откако новиот ирански претседател положи заклетва во неговата канцеларија. Во Конгресот со 400 гласа беше усвоен документот со кој се заоструваат санкциите. Тие треба да резултираат со кратење на иранскиот извоз на нафта на околу еден милион барели на ден со цел прекинување на иранската продажба на нафта низ светот до 2015. Санкциите треба да го натераат Иран да ја запре својата нуклерна програма која, според САД, има за цел производство на нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG