Достапни линкови

Нови протести на Таксим, најмалку четири лица повредени


Турската полиција вчера употреби солзавец и водени топови за растурање на стотина демонстранти на плоштадот Таксим во Истанбул, при што најмалку четири лица се повредени.На плоштадот, што беше центар на најсилните протести во јуни, се собраа околу 500 демонстранти во знак на протест против владата на премиерот Ердоган.Турската исламистичка влада во јуни се соочи со бран протести поради плановите за реконструкција на паркот Гези, кои подоцна прераснаа во поголемо движење против политиката на владата.
XS
SM
MD
LG