Достапни линкови

logo-print

Три големи концерти за празничниот викенд на Охридско лето


Роби Лакатош, унгарски виолинист.

Роби Лакатош, унгарски виолинист.

Три големи концерти на „Охридско лето“ во деновите од претстојниот продолжен празничен викенд. На Илинден, сцената во Антички театар ќе му припадне на земунскиот хор „Вива Вокс“, следниот ден во рамките на Полската вечер, во Предворјето на црквата „Света Софија“, ќе се одржи Авторски концерт на големиот светски композитор и диригент Кшиштоф Пендерецки со Македонската филхармонија, и конечно, на 4 август, во големата арена под Самоиловата тврдина ќе не врати - „ѓаволестиот“ унгарски виолинист Роби Лакатош со неговиот оркестар.

Новата серија големи концертни случувања на „Охридско лето“ ќе ја отвори хорот „Вива Вокс“ од соседна Србија, кој во Антички театар ќе го претстави својот актуелен проект „Гласот наспроти машината“. Станува збор за програма составена од преработки на светски поп и рок хитови од бендови како „Квин“, „Ред хот чили пеперс“, „Систем оф а даун“ и други, која во случајов ќе биде надополнета со посегање по теми од класичната литература, но и со одбрани нумери од богатата балканска фолклорна традиција, како македонската „Калеш бре, Анѓо“.
За пошироката јавност, Пендерецки е авторот чија музика е адаптирана и искористена во култните филмови како „Егзорцист“ на Фриткин, „Сјаење“ на Кјубрик, „Диви во срцето“ и „Внатрешна империја“ на Линч, „Катин“ на Вајда и други големи режисери на денешнината.

Кжиштоф Пендерецки, полски композитор и диригент.

Кжиштоф Пендерецки, полски композитор и диригент.

Инаку, „Вива Вокс“ е хор од Земун кој настанал од потребата на група матуранти и нивната професорка и диригентка Јасмина Лорин да ја продолжат започнатата музичка соработка. Неговиот звук во текот на изминатата деценија претрпел многу трансформации, за да денес биде препознатлив по автентичните а-капела интерпретации на теми од поп-рок и алтернативната музика, придружени со бит-бокс. Се прославија со својата верзија на „Du Hast“ од германскиот бенд „Рамштајн“, а сем во својата земја, настапувале во повеќе европски држави, на 14 јануари годинава одржаа концерт во салата на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, а некаде пред месец дена го отворија последното издание на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад.
за грандиозно затворање на оваа серија исклучително значајни концерти на најголемата летна музичка манифестација ќе се погрижи Унгарецот Роби Лакатош, кој е именуван како „Крал на ромските виолинисти“.

Вива Вокс, хор од Србија.

Вива Вокс, хор од Србија.

И, ако овој концерт го предизвика вниманието на поширокиот круг вљубеници во музиката, тогаш оној што ќе го сторат маестро Кшиштоф Пендерецки со Македонската Филхармонија и солистите на виолончело Александра Лелек, Бартош Козијак и Рафал Квиатковски, во рамките на Полската вечер на „Охридско лето“, е неодминлива понуда за вистинските сладокусци и почитувачите на уметноста.

Кшиштоф Пендерецки, роден 1933 година во Дебица, денес се смета за еден од најголемите живи композитори и творец кој изврши радикални промени врз музиката на 20 век и на тој начин оствари силно влијание врз својата, но и врз идните музички генерации. Тој е автор на маркантните дела како „Химна за жртвите од Хирошима“, „Полски реквием“, вокалното дело „Пасија по Лука“, оперите „Кралот Убу“, „Црната маска“ и особено познатата „Луденски ѓаволи“ компонирана според новелата на Хаксли. Славниот композитор, диригент и педагог има потпишано и осум грандиозни симфонии, во дел од нив вклучувајќи солисти и хор, како и многубројни оркестарски, вокални и камерни дела.

За пошироката јавност, Пендерецки е авторот чија музика е адаптирана и искористена во култните филмови како „Егзорцист“ на Фриткин, „Сјаење“ на Кјубрик, „Диви во срцето“ и „Внатрешна империја“ на Линч, „Катин“ на Вајда и други големи режисери на денешнината.

Овој револуционер и визионер не ги одминал ниту тенденциите во музиката на 20 век. Покрај духовните дела, бидејќи по експериментирањето, Пендерецки се свртел кон традицијата, сè до ренесансата, значајни се и неговите експериментални творби, нешто слично како и неговиот содржавјанин Хенрик Горецки, кои го сместуваат во првите редови на полската и европската авангардна школа, но и на музичката авангарда, воопшто, во светот. Машината за пишување во некои свои дела ја користи како инструмент, во некои, пак, тоа се само шумовите, а во некои музичарите само тропаат...

Сепак, една од најважните специфики во неговиот творечки живот е што Пендерецки создал свој нотен запис. Ја бележел музиката што ја творел на големи партитури со графички приказ на кој линиите и точките ја објаснуваат неговата авторска замисла.

Инаку, покрај композиција, Пендерецки студирал и филозофија, историја на ликовна уметност и книжевност. Но, еднакво пројавувал интерес и за електронската музика и го прифатил шумот како нов вид музика.

И, конечно, за грандиозно затворање на оваа серија исклучително значајни концерти на најголемата летна музичка манифестација ќе се погрижи Унгарецот Роби Лакатош, кој е именуван како „Крал на ромските виолинисти“. Тој не е само воодушевувачки виртуоз, туку и музичар кој им пркоси на дефинициите и класификациите. Еднакво комотно се чувствува и при изведбата на класични дела, на џез нумери но и на фолклорни напеви. Од таму и епитетите „ѓаволест виолинист“, класичен виртуоз, џез-ипровизатор...

Кон ова само уште информацијата дека Лакатош со својот ансамбл е чест гостин на фестивалите во Европа, Азија и во Америка, а на „Охридско лето“ ќе се претстави со програма во која покрај своите композиции, ќе свири и творби од Римски-Корсаков, Дунаевски, Кон Диос, Динику и Пјацола.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG