Достапни линкови

Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во Пакистан. Станува збор за прва официјална посета на државниот секретар на САД по изборот на нова влада во Пакистан. Предвидено е Кери да се сретне со новиот премиер на земјата Наваз Шариф и други високорангирани државни службеници. Разговорите ќе се фокусираат на билатералните односи и соработката а би требало да се разговара и за состојбата во соседен Авганистан.
XS
SM
MD
LG