Достапни линкови

Ал Каеда планира напад на Гвантанамо Беј?


Лидер на терористичката Ал Каеда изјави дека штрајкот со глад на затворениците во Гвантанамо Беј во Куба го открива грозоморното лице на Соединетите американски држави. Ајман Ал Завхари во аудио порака качена на интернет вели дека организацијата нема да штеди при напорите за ослободување на затворениците во американскиот зарвор, каде од 166 затвореници, осудесет лица ја одбиваат затворската храна. За сега не може да се потврди автентичноста на пораката која беше качена на интернет страница која често ја употребуваат милитантите на Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG