Достапни линкови

Затворена радио станица за жени во Кабул


Сопственикот на радио станица во Авганистан која емитува програма за жени вели дека медиумот бил затворен поради тоа што не бил плаќан поткуп за државни службеници. Локалната радио станица „Глас за жените“ прекина со емитување програма пред две недели. Сопственикот Шафкула Азизи вели дека радиото било затворено откако не биле исплатени 400 долари поткуп за вработени во авганистанскиот Оддел за информации и култура во Кабул.
XS
SM
MD
LG