Достапни линкови

Седум министри ја напуштаат српската влада


Засега е извесно дека од Владата на Србија заминуваат седум министри и тоа четворица од редовите на СНС, еден социјалист, двајца министри од ОРС и Сузана Грубјешиќ, вицепремиер задолжена за европски интеграции. До крајот на денот ќе се знае дали ќе биде сменета и министерката за здравство Славица Ѓукиќ Дејановиќ и министерот за образование Жарко Обрадовиќ, јави Танјуг. Оставки на министерските места од СНС поднесоа министерот за одбрана Александар Вучиќ и министерот за земјоделство Горан Кнежевиќ додека на седница на Одборот на партијата е одлучено да бидат сменети и министерката за млади и спорт Алиса Мариќ и министерот за култура Братислав Петковиќ.
XS
SM
MD
LG