Достапни линкови

ФБИ го повикал таткото на Сноуден да отпатува за Русија


Таткото на поранешниот соработник на американските тајни служби Едвард Сноуден изјави дека пред неколку недели добил барање од ФБИ да отпатува за Русија, каде неговиот син е заглавен во трансфер зоната на московскиот аеродром. Лони Сноуден во изјава за руските медиуми рекол дека сака да отпатува, но најпрвин побарал ФБИ да кажат што точно бараат од него. Едвард Сноуден е соочен со обвиненија за шпионажа и откривање на тајни информации за американските програми за меѓународен надзор. Неговиот татко смета дека Едвард треба да остане во Русија бидејки нема да има фер судење во Соединетите американски држави.
XS
SM
MD
LG