Достапни линкови

logo-print

Наместо во силосите, пченицата лежи по амбарите и нивите


Земјоделците од пелагониско се жалат дека откупот на пченица се одвива со слабо темпо и по ниска откупна цена.

Откупот на пченицата се одвива со слабо темпо и по ниска откупната цена, реагираат земјоделците од пелагониско. Поради ваквите состојби, мал дел од родот е откупен, а големи количини жито се останати по нивите или складирани по амбарите.
Имаме многу голема мака со жетвата, таа доцни годинава најмногу заради откупот. Има луѓе кои го складираат дома житото, но и онакви кои жнеат и нема каде да го носат житото, па е по нивите. Досега нивите требаше да бидат ожнеани, но не одговара цената. Владата донесе некоја цена да се откупува по 14 денари, но не се откупува по таа цена, туку по 11 денари. Во Егри има 600 тона, ако се откупени 20 до 30 тони, другото сè лежи по гражите и повеќе од пола е на нива.

Жетварите реагираат дека мелничарите не ја почитуваат договорената откупна цена со Владата од 14 денари за килограм, па даваат 3 денари помалку.
Премиерот Никола Груевски на жетва во Пелагонија на 21 јули 2012 година.

Премиерот Никола Груевски на жетва во Пелагонија на 21 јули 2012 година.


„Имаме многу голема мака со жетвата, таа доцни годинава најмногу заради откупот. Има луѓе кои го складираат дома житото, но и онакви кои жнеат и нема каде да го носат житото, па е по нивите. Досега нивите требаше да бидат ожнеани, но не одговара цената. Владата донесе некоја цена да се откупува по 14 денари, но не се откупува по таа цена, туку по 11 денари. Во Егри има 600 тона, ако се откупени 20 до 30 тони, другото сè лежи по гражите и повеќе од пола е на нива“, изјави Павле Митревски, преставник на земјоделците од село Егри, едно од најплодните со пченица.

Земјоделците се жалат дека се условувани од некои млинари.

„Откупува кој како ќе стигни и многу малку. Ако еден ден откупуваат, другиот ден не откупуваат. Ако лани си однел жито, годинава ќе ти го земи. Ако лани не си предал, годинава немаш право да го носиш“, додава Митревски.

Дел од мелничарите објаснуваат дека сè уште имаат залихи со пченица увезена од Србија. Во вакви услови не можат на земјоделците да им ја исплатат договорената цена. Има и млинари кои плаќаат по 12 денари од килограм за примено жито или 14 денари доколку земјоделците прифатат да им биде платен родот во септември.

Заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски деновиве изјави дека по нивни проценки, половина од годинешната реколта на пченица не е откупена и побара млинарите да имаат пофер однос кон земјоделците.

„90 проценти од жетвата е завршена. 40 проценти од пченицата веќе е во силосите, останува уште добар процент околу 50 проценти пченица да се откупи од мелничката индустрија. Ние како Влада направивме сè за да ги заштитиме земјоделците, но од друга страна очекувам и мелничарите да имаат пофер однос кон земјоделците и за брзо време да ја откупат пченицата која сè уште не е откупена“, вели Коњановски.

Година се очекува да се соберат 280.000 тони жито.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG