Достапни линкови

logo-print

Прилепските археолошки локалитети неповратно се уништуваат


Тренчо Димитриоски, прилепски новинар, публицист и истражувач на археолошкото културно наследство во прилепско и мариовско.

Тренчо Димитриоски, прилепски новинар, публицист и истражувач на археолошкото културно наследство во прилепско и мариовско.

Недоволно истражени, локалитетите се оставени на забот на времето. Но, ги уништуваат и несовесните намерници и фирмите кои имаат концесии за експлоатација на минерали во непосредната близина.

Во околината на Прилеп се наоѓаат повеќе археолошки локалитети, кои неповратно се уништуваат. Културните слоеви во нив, според стручњаците, може да се лоцираат во бронзено и железно време. Изобилуваат со фрагменти од керамички садови, винарници, има разни форми на корита, обработени од човечка рака, кои датираат од пред милиони години.
Од северната страна е драстично нападнат овој локалитет со концесијата која е издадена на некоја од фирмите, која се занимава со експлоатација на гранит и уништени се навистина значителни количества на културен материјал, културни слоеви кои археолошки би покажале многу сознанија за овој простор.

Недоволно истражени, локалитетите се оставени на забот на времето. Но, ги уништуваат и несовесните намерници и фирмите кои имаат концесии за експлоатација на минерали во непосредната близина.

„Од северната страна е драстично нападнат овој локалитет со концесијата која е издадена на некоја од фирмите, која се занимава со експлоатација на гранит и уништени се навистина значителни количества на културен материјал, културни слоеви кои археолошки би покажале многу сознанија за овој простор“, реагира Тренчо Димитриоски, прилепски новинар, публицист и истражувач на археолошкото културно наследство во прилепско и мариовско.

Димитриоски ги документирал оштетувањата на повеќе карпести комплекси. Загрижен им порачува на надлежните да преземат поголеми мерки за заштита на ова раритетно културно наследство.

„Една порака до институциите, кои ги издаваат концесиите, иако не велам дека не постојат закони, нормативи, кои значат заштита на ваквите културни и природни содржини, но освен културното треба и природното да го заштитиме, значи нешто кое што се создавало со геолошкиот развој на земјата, и создавало едни вакви природни реткости, релјефни форми, значи треба да ги зачуваме, ако не ги зачуваме, повеќе не можеме да уживаме во нив“, додава Димитриоски.

Наспроти овие реакции, од прилепскиот Завод и Музеј истакнуваат дека во нивна надлежност е заштитата на ова културно наследство. Музејот како институција одлучува дали ќе даде согласност за експлоатација на минерали, на секоја заинтересирана компанија за работа во околината на Прилеп, во зависност од тоа, дали на конкретната локација или во близина има културно наследство.

Но, како што вели во својата кратка изјава директорката на Завод и Музеј, Гордана Данилоска Спироска, со оградување на сите регистрирани археолошки локалитети, кои се и евидентирани на археолошката мапа за овој регион, ќе замре целокупното движење во Прилеп и прилепско. Според тоа, овие прашања се решаваат со одредување простор, за кој се добива концесија.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG