Достапни линкови

Еди Рама го соопшти составот на новата влада на Албанија


Новиот албански премиер Еди Рама на прес-конференција во Тирана го соопшти составот на новиот владин кабинет. Како што јави дописникот на МИА, идната влада ќе има еден потпретседател, 16 министри и тројца државни министри. Вицепремиер ќе биде Нико Пелеши, шеф на дипломатијата Дитмир Бушати, а министер за внатрешни работи Саимир Тахири. Шкелќим Цани ќе биде министер за финансии, Насип Начо за правда, а Арбен Ахметај за економија. Со Министерството за одбрана ќе раководи Мими Кодели, а за ресорот евоинтеграција ќе биде одговорна Клајда Ѓоши. За разлика од досега, кога сите министри беа и пратеници, сега само неколкумина од нив ќе ги извршуваат двете функции.
XS
SM
MD
LG