Достапни линкови

Суспендирани затворски стражари во Пакистан


од нападот

од нападот

Властите во Пакистан суспендираа 27 полицајци кои се осомничени за неизвршување на службената должност, откако милитанти го нападнаа затворот во кој работеле и ослободиле 250 затвореници во северозападниот дел на земјата. Вооруените напаѓачи се пробија во затворот во градот Дера Исмаил Хан во понеделникот и убија 14 лица меѓу кои и 6 полицајци. По суспензијата на полицајците ќе следи истрага со цел да се утврди како милитантите успеале да упаднат во затворска институција во која се сместени околу 5.000 затвореници.
XS
SM
MD
LG