Достапни линкови

Европа е за Трансјадрански гасовод


Европската унија, загрижена поради растечката зависност од руски гас, ги поддржува плановите за нов гасовод чија изградба се очекува да почне во 2015 година. Ќе оди од Азербејџан, преку Турција, Грција и Албанија до Италија.

Азербејџанската државна нафтена компанија СОКАР е меѓу фирмите кои формираа конзорциум за изградба на Трансјадрански гасовод, ТАП, за транспорт на гас од Азербејџан до Европа преку траса што ја поддржува Европската унија.
Кјетил Тунглад

Кјетил Тунглад


СОКАР соопшти дека ќе биде партнер со британската фирма Бритиш петролеум, норвешкиот Статоил, францускиот Тотал, белгиската компанија Флуксис, германскиот Е.ОН и швајцарскиот Акспо во изградба на дел од гасоводот низ Азербејџан во должина од 870 километри.
Станува збор за најкратката и најдиректна врска на гасовод која ќе оди преку Грција и Албанија, под Јадранско море и ќе завршува во Италија.

Кога ќе го достигне целиот капацитет, преку него ќе се пренесуваат околу 20 милијарди кубни метри гас од Азербејџан до Европа. Станува збор за најкратката и најдиректна врска на гасовод која ќе оди преку Грција и Албанија, под Јадранско Mоре и ќе завршува во Италија.

Во соопштението на ТАП се прецизира дека Италија е трет најголем пазар на гас во Европа и затоа нуди повеќе можности за натамошен транспорт на природен гас од регионот на Касписко Mоре до другите големи потрошувачи како Германија, Франција, Британија, Швајцарија и Австрија.

ТАП најавува и изградба на објекти во Албанија за складирање на природниот гас со што дополнително ќе се обезбеди сигурноста на снабдувањето на европските пазари во случај на оперативни прекини.

Азербејџан и Турција имаат посебен договор за пренос на азербејџански гас до турскиот град Кипои на границата со Грција преку најавениот Трансанадолиски гасовод.

Повеќе од две третини од светските резерви на гас се наоѓаат во Русија, како и во регионот на Каспиското Море. Тие се доволни за повеќедецениско покривање на европската побарувачка.

Европа во моментов се потпира главно врз руски гас преку неколку постоечки гасоводи кои се уште не се поврзани со резервите на гас од каспискиот регион. Трансјадранскиот пак, е дел од стратегијата на Европската унија позната како Јужен коридор, серија на планирани рути со цел диверзификација на увозот на енергенси за европските земји.

Некои членки на Европската унија се загрижени од растечката зависност на Унијата од снабдувањето со руски гас. Директорот на проектот Кјетил Тунглад оценува дека со овој гасовод ќе се зацврсти интеграцијата на целиот Јужен коридор.

Спомнувањето на транспортот на природен гас од Каспискиот регион, според оценките, укажува дека конзорциумот се надева оти и други земји кои таму произведуваат гас, како Туркменистан, Казахстан и можеби Узбекистан ќе го користат Трансјадранскиот гасовод за снабдување на Европа со нивен гас, а без за тоа да ја користат руската територија.

Претставници на овие три земји во Централна Азија веќе учествуваа на состаноците со Европската унија во врска со Јужниот коридор. Изградбата на Трансјадранскиот гасовод ќе почне во 2015 година, а се очекува да профункционира три години потоа.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG